Анчелоти следните три години во Реал Мaдрид

Од:

Италијанскиот фудбалски стручњак Карло Анчелоти од денеска и официјално е поставен за нов тренер на Реал Мадрид.

„Кралскиот клуб“ преку својата веб страна ги потврди информациите од последниве неколку дена дека Анчелоти ќе биде наследникот на Жозе Мурињо.

Италијанецот потпиша договор со Реал до јуни 2016 година. Неговата промоција на „Сантијаго Бернабеу“ е најавена за утре.

54-годишниот трофеен тренер во Мадрид доаѓа од ПСЖ со кого во Франција ја освои шампионската титула, а има работено во европски великани како што се Челзи, Милан, Јувентус.
На местото на Анчелоти денеска ПСЖ го официјализираше поставувањето на новиот тренер Лоран Блан.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска