Анчелоти: Шампионот се уште не се знае

Од:

Тренерот на Реал Мадрид Карло Анчелоти побара од своите избраници да се фокусираат на преостанатите три натпревари од Примера, а не да се занимаваат со калкулации околу шансите за трофејот.

– Математички сеуште ништо не е решено. Шампионот не е познат и мораме да веруваме во себе и да ги добиеме последните три дуели. Наше е да одиграме како што треба, а каква ќе биде разврската за титулата ќе видиме на крајот. Трите претенденти за првото место си ги бараат своите шанси, изјави Анчелоти.

Реал Мадрид е трет на табелата со пет бодови заостанување зад Атлетико Мадрид и два зад Барселона, но има и натпревар помалку.

„Кралскиот клуб“ на 24 мај во Лисабон го очекува и финалето на Лигата на шампионите против градскиот ривал Атлетико.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска