Анчелоти не го сака Ибрахимовиќ

Од:

Шпанска „Марка“ денеска пишува дека тренерот на Реал Мадрид, италијанскиот стручњак Карло Анчелоти не е заинтересиран за ангажирање на Златан Ибрахимовиќ.

По вчерашните шпекулации во шпанските медиуми за наводното барање од Анчелоти до челниците на Реал, на „Сантијаго Бернабеу“ биде донесен Ибрахимовиќ, денеска стигна демант.

Италијанецот ги известил раководните лица на Реал дека е задоволен од Бензема, Мората и Јесе и дека чека да се завршат преговорите со Гонзало Игуаин со што би го комплетирал нападот.

Ибрахимовиќ по завршувањето на сезоната побара да си замине од ПСЖ и да оди во Реал Мадрид како одмазда кон Барселона која во 2010 година се откажа од неговите услуги.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска