Пари Сен Жермен има потенцијал и сили да го изненади големиот противник во четвртфиналето на Лигата на шампионите, изјави Карло Анчелоти тренерот на парижаните кои за влез помеѓу четирите најдобри фудбалски екипи во Европа ќе се борат против Барселона.
Анчелоти ги вброи шпанските екипи Реал Мадрид и Барселона во фаворити за освојување на титулата во елитното натпреварување.
-Барселона и Реал Мадрид се најдобрите светски тимови, но убавината на фудбалот е во тоа што секој може секого да победи, а во тоа ќе се надеваме и ние. Се’ е можно и доколку одиграме храбро и со карактер имаме шанса за успех, рече Анчелоти.
Првата средба од двомечот ПСЖ – Барселона ќе се одигра на 2 април на „Паркот на принцевите“ во Париз, а реваншот е осум дена подоцна во Барселона.