Анчелоти го одбил Манчестер Јунајтед

Од:

Тренерот на Реал Мадрид, Карло Анчелоти, ја одбил понудата на Манчестер Јунајтед, пренесува Ел Мундо Депортиво. Според истиот извор, Манчестер Јунајтед на италијанскиот стратег бил подготвен да му исплаќа годишно по 18 милиони евра, пренесе Макфакс.

Англискиот тим го контактирал Анчелоти минатата недела, но тренерот на Реал без размислување ја одбил понудата која би го направила најплатениот фудбалски тренер во светот.

Анчелоти во својата тренерска кариера ги водел Милан, Јувентус, Парма, Челзи и ПСЖ, а со Реал во финишот на сезоната се бори за трофеите во домашното првенство и во Лигата на шампиони, откако пред две недели ја освои титулата во националниот Куп.

Би можело да ве интересира

Драган Стојковиќ: Утре е голем натпревар, ќе се обидеме се за да победиме

Словенија и Данска одиграа нерешено, Јанжа го спречи поразот

A1on

Манчестер Сити и Реал играат за полуфинале во Лигата на шампионите

Словенците имаат нов највреден фудбалер – проценет на 40 милиони евра

ВИДЕО: Зад прекинот на дуелот меѓу Србија и Русија стои човек кој мислеше дека ќе се збогати

„Јас сум зависник од дрога и алкохол“