Тренерот на Наполи, Карло Анчелоти, рече дека во два наврати бил многу блиску до враќање во Милан.
Италијанскиот фудбалски стручњак беше тренер на „росо-нерите“ од 2001 до 2009 година и го водеше тимот до шампионската титула и двапати до трофејот во Лигата на шампионите.
– Двапати бев блиску да се вратам во Милан. Кога го напуштив Реал, Галијани дојде да преговара со мене, но мораше да си замине поради проблеми со грбот. Потоа, имав разговор со Марко Фасоне, откако го напуштив Баерн, изјави Анчелоти.
Педесет и деветгодишниот Анчелоти, од 23 мај 2018 година е тренер на Наполи.