Анчелоти дебитира со победа и го истакна Роналдо како најважен играч на Реал

Од:

Со висока победа од 6:0 остварена синоќа на пријателскиот натпревар против англискиот второлигаш Борнмаут, Карло Анчелоти дебитираше на клупата на Реал Мадрид, а веднаш по тој дуел го посочи Кристијано Роналдо како главен играч на „кралскиот клуб“.

– Задоволен сум од прикажаното на првиот подготвителен натпревар на кој Роналдо докажа дека е најважниот играч во тимот. Не се сомневам дека тој ќе остане во Реал.

– Фудбалерите кои играат за овој клуб поседуваат високи професионални и човечки квалитети и јас сум среќен што имам можност да работам со нив. Нема потреба да носиме нови играчи, истакна Италијанецот од кого навивачите на Реал очекуваат да ја врати шампионската титула во Мадрид.

Шпанските медиуми шпекулираат дека Анчелоти го сопрел трансферот на Гонзало Игуаин во Наполи по неговата одлична игра и постигнатиот гол на натпреварот со Борнмаут. Освен Игуаин погодија и Роналдо два пати, Сами Кедира, Ди Марија и Касемиро.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска