Анастасија Богдановски го освои 33. место на 100 слободно на СП во пливање

Од:

Македонската пливачка Анастасија Богдановски денеска настапи во квалификациите на 100 метри слободно на Светското првенство во Будимпешта. Таа го освои 33 место во конкуренција на 78 натпреварувачки. Пливачката Богдановски патеката ја исплива 56.56 секунди што е послабо време од нејзиниот и македонски рекорд 56.12 секунди постигнат пред две години на СП во Казан.

Најдобро време во квалификациите на 100 метри имаше Сара Сјостром од Шведска 53.01 секунди.

Ова за Богдановски беше втор настап на шампионатот во Будимпешта откако претходно пливаше и во квалификациите на 200 метри слободно. На првенството требаше да настапи и Марко Блажевски, но поради недостиг на финансиски средства да дојде од САД во Будимпешта тој не настапи на ова првенство.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром организатор и домаќин на Националното првенство во пливање

Олимписки шампион заврши крвав поради љубовен триаголник

Светскиот шампион со фашистичка порака: Не знаев што значи

Предраг Петровиќ

Најдобриот пливач на денешницата го напушти Светското првенство во Будимпешта

А1он

Канаѓанката Мекнил го собори рекордот на 50 метри грбно во мали базени

А1он

Пливачката Миа Блажевска Еминова обезбеди норма за настап на Олимпијадата во Токио

Ана Ололовска