АМС организираше прием за младите македонски каратисти

Од:

Директорот на Агенцијата за млади и спорт Марјан Спасески денеска оствари средба со членовите на македонската карате репрезентација за деца од 11-14 години, кои остварија одлични резултати и освоија 22 медали на неодамна одржаното Балканско првенство во Херцег Нови, Црна Гора.

– Карате спортот е во голем подем и има голем потенцијал, за што говорат и резултатите. Имено, во последниве неколку години имаме неколку европски шампиони и вице-шампиони во повеќе категории и во машка и  женска конкуренција, со што карате спортот дефинитивно е меѓу најуспешните и најтрофејните спортови во земјава. Тоа се докажа и на ова Балканско првенство. Со овој огромен успех, македонското карате продолжува да ги испишува светлите страници во својата спортска историја, истакна Спасески и им порача на младите каратисти да продолжат со напорна работа и да ги достигнат успесите на нашите сениори Наташа Илиевска, Иво Цветковски, Жарко Арсовски, Ардита Исени, Огнен Груевски, Берат Јакупи, Мартин Несторовски и европскиот шампион во сениорска конкуренција Емил Павлов.

Спасески успехот им го честиташе на тренерите и целокупниот стручен штаб на карате репрезентацијата и рече дека Агенцијата за млади и спорт и понатаму финансиски и логистички ќе го поддржува овој спортот во државата.

– Голем дел од нашите репрезентативци се и носители на стипендиите, кои ги доделува АМС, како и на највисокото спортско признание, Националното спортско признание – Спортска пензија, со што им оддаваме почит и јавно признание и докажуваме дека државата се грижи и понатаму ќе продолжи да се грижи за врвните спортисти, кои ја промовираат Република Македонија на меѓународната спортска сцена, нагласи директорот на АМС.

Македонија на Балканското првенство кое се одржа од 29 до 31 мај освои 6 златни, 3 сребрени и 13 бронзени медали и во конкуренција на 11 земји со околу 900 натпреварувачи го освои второто место, зад Турција, а пред Србија, Босна и Херцеговина,…

Нашата репрезентација учествуваше во сите категории во кати и борби и во машка и во женска конкуренција.

Би можело да ве интересира

ВМРО-ДПМНЕ: Милионерот Каевски ја злоупотребил позицијата како директор на АМС

А1он

За злоупотреби на ваучерите поднесено обвинение против дванаесетмина

Дебарската каратистка Сара Дука освои бронза на Балканскиот шампионат во Словенија

„Макпетрол“ освои 11 медали на државниот плејоф карате-турнир за сениори

Ана Ололовска

МОК бара разрешување на Мојсоски и замрзнување на доделувањето спортски ваучери

Ана Ололовска

Пет медали за каратистите на „Макпетрол“ на турнирот „Кроација опен“

Ана Ололовска