Алваро Негредо во Валенсија

Од:

Шпанскиот фудбалски клуб Валенсија потврди дека играчот на Манчестер Сити, Алваро Негредо претстојната сезона ќе игра на „Местаља“.

Валенсија се договори со шампионот на Англија, Негредо да настапува како позајмен играч до крајот на сезоната, но со опција, по завршувањето шпанскиот клуб да го откупи договорот.

Негредо кој важи за еден од најдобрите напаѓачи во Европа, се враќа во татковината, каде ја започна професионалната кариера во тимот на Рајо Валјекано, за кој играше две сезони. Во 2007-та тој потпиша со Реал Мадрид, а беше пратен во Алмерија каде на 73 натпревари постигна дури 31 гол. Во 2009-та година Негредо за рекорден трансфер мина во редовите на Севиља, каде до 2013-та година одигра 180 натпревари и постигна 85 голови.

За време на неговиот престој во Англија, тој за Манчестер Сити одигра 40 натпревари на кои 23 пати успеа да ја затресе противничката мрежа.

Инаку, Негредо за репрезентацијата на Шпанија настапува од 2009 година, а за „Црвената Фурија„ досега има настапено на 21 натпревар и постигнато 10 голови.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска