Шампионот на Италија, Јувентус по пауза од 13 години повторно ќе биде учесник на финалето од Лигата на шампионите. Тимот од Торино сосема заслужено стигна до последниот натпревар откако во полуфиналниот двомеч беше подобар од европскиот шампион Реал Мадрид со 3:2.
– Заслуживме место во финалето и се надевам дека таму ќе одиграме добро. Имам одлични играчи. Мислам дека за италијанскиот фудбал е добро што една екипа избори финале во Лигата на шампионите. Барселона е тим против кој е невозможно да се игра. Но, се игра еден натпревар и тогаш се е можно.
Се наоѓаме во добра форма и се надевам дека можеме да стигнеме до пехарот во Берлин, изјави тренерот на Јувентус Масимилијано Алегри.
Јувентус веќе ја има обезбедено титулата во Серија А, а во финалето на Купот на Италија ќе игра против Лацио, додека на 6.јуни е дуелот во Берлин од Лигата на шампионите против Барселона.