Тренерот на италијанскиот првак Јувентус, Масимилјано Алгери, изјави дека неговиот тим е еден од фаворитите за освојување на трофејот во Лигата на шампионите.
Тој конечно одговори потврдно на често поставуваните прашања од новинарите дали го гледа неговиот тим меѓу фаворитите за тронот.
-Да. Јувентус е меѓу фаворитите, но за тоа ќе биде важно да се освои првото место во групата и во осминафиналето да се избегнат ривали како што се Барселона, Манчестер Сити, ПСЖ.
За да ја потврди првата позиција во групата, Алегри најави игра на победа во вечерашниот гостински дуел со Јанг Бојс, последен во групата.