Албанскиот репрезентативец Гури ја засили Шкендија

Од:

Актуелниот македонски фудбалски првак Шкендија ги засили своите редови со албанскиот репрезентативец Синдрит Гури (27).

Голгетерот на албанската репрезентација потпиша едногодишен договор со можност за продолжување на соработката за уште една година, соопшти Шкендија.

Гури доаѓа во редовите на македонскиот шампион од белгискиот прволигаш Остенде, откако претходно во албанската Супер лига постигна 17 голови на 21 натпревари во дресот на Кукс.

– Мислам дека ова е вистинскиот момент во мојата кариера да дојдам во клуб, кој игра напаѓачки фудбал. Се чувствувам одлично што сум тука, бидејќи знам дека Шкендија е актуелен македонски шампион и има амбиции оваа сезона да ја одбрани титулата, изјави Гури за официјалниот сајт на тетовскиот прволигаш.

Би можело да ве интересира

Фудбалската репрезентација на Македонија загуби од Украина

Ана Ололовска

Кадетите на Вардар го освоија Купот на Македонија

Ана Ололовска

В четврток стартуваат квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Чурлинов: Можеме да направиме голема работа во квалификациите за ЕУРО2024

Ана Ололовска

Дејан Илиев нов голман на фински ХЈК

Ана Ололовска

Македонски и бугарски клуб со заедничка акција: „Не за насилството“

Ана Ололовска