Во тешка несреќа на автомобилиската трка 24 часа Ле Ман загина 34-годишниот Данец Алан Симонсен, кој со неговиот „астон мартин” со број 95 во третиот круг се залета во заштитната ограда и покрај брзата лекарска интервенција им подлегна на повредите во болница, потврдија организаторите на натпреварувањето.
За Алан Симонсен ова беше седмиот настап на познатата трка 24 часа Ле Ман, а смртта „го стаса” само десет минути по стартот на извонредни брзиот дел од патеката Тертр Руж на кој се заби во заштитната ограда со брзина од 170 километри на час, пренсе Макфакс.
На оваа патека Себастиен Енжолрас го загуби животот во преткалификациите во 1997 година, а последниот возач кој загина во несреќа на натпреварувањето на високо-брзинската издржливост 24 часа Ле Ман е Јо Гартнер во 1986 година.
Најголемата несреќа во историјата на Ле Ман се случи во 1955 година кога Пјер Левењ со неговиот „мерцедес” влета во публиката при што загинаа повеќе од 80 гледачи.