Алаба: Австриската репрезентација даде сè, но на крајот не беше наградена за нејзината добра игра

Од:

Капитенот на австриската репрезентација Давид Алаба ги сумираше впечатоците по поразот од Италија во осминафиналето на ЕВРО 2020.

-Не е лесно да се опише со зборови нашето чувство. Можеме да се гордееме со себе, Австрија може да се гордее со нас. Дадовме сè, но на крајот не бевме наградени за нашата добра игра. Навистина е тешко да се прифати овој пораз, изјави Алаба за националната австриска телевизија.

Австријците на синоќешниот меч против фаворитот Италија имаа неколку големи шанси за триумф во основните 90 минути, а имаа и поништен гол поради милиметарски офсајд. Во продолженијата примија два гола, а потоа успеаја само да го ублажат поразот.

Би можело да ве интересира

Саутгејт: Англија треба да го освои Светското првенство за да го заборави неуспехот во финалето на Еуро 2020

А1он

Шкотски весник предлага Манчини да биде прогласен за почесен граѓанин на земјата

Ана Ололовска

Донарума за последниот пенал во финалето: Не славев затоа што не знаев дека победивме

Ана Ололовска

ВИДЕО: Хаос во Лондон по финалето на ЕУРО, повредени 19 полицајци, уапсени 49 лица

ВИДЕО: Италијанците го донесоа европскиот пехар во Рим

Катерина Ѓуровски

Италија нов европски шампион во фудбал

A1on