Ако остане Бенитез, Иско си оди од Реал

Од:

Фудбалерот од средниот ред на Реал Мадрид, Иско ќе го напушти клубот во зимскиот преоден рок доколку на тренерското место остане Рафаел Бенитез, пишуваат шпанските медиуми.

23-годишниот играч заработи црвен картон во поразот од Барселона со 4:0 минатиот месец, а по издржувањето на казната има многу мала минутажа на натпреварите.

Минатиот викенд Реал со 10:2 го победи Рајо, а Иско цел натпревар го преседе на клупата за резервни играчи, а згора на тоа доби и казна од Бенитез за исмејување на противникот.

Како што пишува „Ас“ односите меѓу Иско и Бенитез се толку нарушени што тој дефинитивно ќе бара заминување од „Бернабеу“ ако сегашниот тренер ја задржи функцијата.

Неколку клубови од англиската Премиер лига веќе искажале интерес за ангажман на Иско доколку тој го прекине договорот со Реал.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска