Ако Каталонија се отцепи од Шпанија, Барселона ќе мора да ја напушти Примера

Од:

Претседателот на Фудбалскиот сојуз на Шпанија Хавиер Тебас денеска за тамошните медиуми изјави дека Барселона нема да може да се натпреварува во Примера Дивизија во случај Каталонија да добие независност.

– Верувам дека Каталонија засекогаш ќе биде шпанска, но доколку се случи нешто непредвидливо клубовите од овој регион нема да можат да играат во нашите лиги. Тоа важи и за Барселона. За да смеат да учествуваат каталонските тимови во шпанските лиги при евентуално отцепување на Каталонија, ќе мора да се менува правилникот и Законот за спорт и да се постигне меѓународен договор, изјави првиот човек на шпанскиот фудбал.

Голем дел од жителите на Каталонија водат кампања за отцепување од Шпанија и добивање своја независност. Во нивната кампања често пати видно место заземаат клубовите од спортското семејство Барселона.

Би можело да ве интересира

Барселона не знае што да прави со играч вреден милијарда евра

Предраг Петровиќ

Два гола на Англичанецот за победа на Реал Мадрид против Барса

Воз усмрти четири лица во Барселона

Барселона се ослободи од играчот кој беше голем проблем

Предраг Петровиќ

Скаути на Барселона го гледале Мукоко

ВИДЕО: Турист нападнат од крадци со нож, тепачка и брканици сред Барселона

Предраг Петровиќ