Ајнтрахт победи во Штутгарт во најинтересниот натпревар, одигран попладнево во 21.коло, во Бундеслигата.
Ајтнтрахт два пати водеа, со головите на Ндика и Хустиќ, а Штутгарт два пати се враќаа во мечот преку Антон и Калајџиќ. На крајот пресуди голот на Хустиќ во 77. минута за конечни 3:2.
Мајнц за четири минути ја обезбедија победата против Хофенхајм. Сунг погоди во 79., а Ниакте во 83.минута.
Со ист резултат и со головите на Грегориќ и Хан, Аугсбург забележа победа над Унион Берлин.
Минимална победа, со голот на Модесте, забележа Келн во дуелот со Фрајбург.
Натпреварот Арминија- Борусија Менхенгладбах заврши без победник 1:1.
Денешната програма ќе ја затвори дуелот во Минхен помеѓу Бањрн и Лајпциг.