Aјакс продолжува да сонува за нешто големо и направи огромен чекор кон финалето на Лигата на шампионите, откако победи со 1:0 против Тотенхем при посетата на новиот стадион на „петлите“ во Лондон, во првиот полуфиналенмеч помеѓу двата тима.
Победеносниот гол беше дело на Ван де Бик, кој реализираше за гостите во 15-тата минута и практично овој гол се покажа доволен на холандскиот гигант да стигне до успехот во средбата.
Домаќините беа сериозно ослабени во првите редови за овој натпревар поради повредата на гол машината, Хари Кејн и казната на другата ѕвезда во нападот – Хон мин Сон, и генерално тимот не беше убедлив во офанзивен план при нивното отсуство.
Не може да не се забележи дека лондонскиот тим доби сериозен удар непосредно пред одморот поради тешкиот потрес на мозокот, што го доби Јан Вертонген и поради што не успеа да го продолжи натпреварот.
Сигурно во Холандија ќе се потсетат за далечната 1995 година, кога Ајакс стапна за последен на европскиот врв и повторно е на неколку чекори од големиот трофеј во турнирот.