Раководството на холандскиот гигант, Ајакс сака да го продолжи договорот на менторот Ерик Тен Хаг. Веста доаѓа само неколку дена по успехот над Јувентус во Лигата на шампионите, објавија медиумите во Холандија.
Сегашниот договор на 49-годишниот Холанѓанец е до крајот на следната сезона, но раководството му нуди нов договор до летото 2024 година.
Спортскиот директор на тимот од Амстердам, Марк Овермарс, изјави дека разговорите ќе започнат во блиска иднина.
Во холандското првенство, Ајакс го дели првото место со ПСВ Ајндховен, откако двете екипи имаа 74 поени по одиграни 30 круга во „Ередивизи“.
На 5 мај, Ајакс, исто така, ќе игра финале на Купот против Вилем II.