Агуеро: Подготвени сме за втора последователна титула

Од:

Напаѓачот на Манчестер Сити, Серхио Агуеро верува дека „граѓаните“ можат да станат првиот тим по една деценија, кој ќе ја освои титулата во две последователни сезони. Аргентинецот беше дел од тимот во три наврати, кога Сити стана шампион.

– Не е лесно да се освои Премиер лигата во последователни години. Во соблекувалната сепак ја гледам истата енергија, истиот пристап како минатата сезона, и тоа ме тера да се чувствувам сигурен. Ако продолжиме на овој начин, фокусирани, мислам дека имаме голема шанса повторно да ја освоиме. Играме заедно долго време, речиси истите играчи сме од минатата сезона и знаеме како да играме заедно. Се ќе зависи од нас, но можеме да го направиме тоа, прокоментира Агуеро во интервју за „Скај Спортс“.

Серхио добро ја започна новата кампања, откако реализираше 11 голови во сите турнири. Тој објаснува дека неговата форма се должи на операција на колено што ја направи во април.

– Страдав многу време. Поминав низ многу медицински процедури. На крајот од минатата сезона решив да се оперирам пред светското првенство. Од тогаш се чувствувам одлично, нема никаква болка, додаде Аргентинецот.

Би можело да ве интересира

Гвардиола откри што ќе направи доколку Манчестер Сити биде исфрлен од лигата

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Бизарна снимка на Етихад, ѕвездата на Сити остана без заб

Предраг Петровиќ

Вулверхемптон денеска на домашен терен го победи Манчестер Сити

Хајка во Британија поради спонзорот на Црвена Звезда

Предраг Петровиќ

Марез официјално во Ал Ахли

Белгиецот ќе го пропушти почетокот на новата сезона

Предраг Петровиќ