Адвокат постави рекорд и си замина од Холандија

Од:

Дик Адвокат ја напушта селекторската функција на Холандија по рекордната 37. победа против Романија (3:0) остварена синоќа на гостински терен.

Адвокат го заврши својот трет мандат на селекторското место на „лалињата“, откако во Букурешт стана рекордер по најмногу победи во историјата на холандската фудбалска репрезентација. Тој го надмина 77 години стариот рекорд на англискиот стручњак Боб Глендинг со 36 триумфи.

– Си заминувам затоа што мислам дека дојде време за нова генерација. Не се двоумев воопшто. Време е младите да се докажат, изјави Адвокат.

Тој ја презеде Холандија во мај и постигна шест победи во седум натпревари, но тоа не беше доволно да се квалификува на Светското првенство.

Во текот на својата долга кариера тој ја предводеше репрезентацијата на Белгија, Србија, Јужна Кореја, Русија, Обединетите Арапски Емирати, како и екипте на ПСВ Ајндховен, Глазгов Ренџерс, Борусија Менхенгладбах и Сандерленд.

Би можело да ве интересира

Холанѓаните се први четвртфиналисти на СП во Катар

Холандија повторно ги затвора стадионите поради корона кризата

Ана Ололовска

Затворен стадионот на холандски Нец откако се урна една од трибините

А1он

Депај постави нов рекорд во репрезентацијата на Холандија

Ана Ололовска

Вајналдум: Холандската репрезентација со право беше критикувана по натпреварот со Шкотска

Ана Ололовска

Тен Хаг потпиша договор со Ајакс до 2023 година

Жарко Настоски