Британскиот пливач Адам Пити постави нов светски рекорд на Светското првенство водени спортови што се одржува во Будимпешта, Унгарија.
Откако вчера во трката на 100 метри градно, пливачот од Велика Британија го освои златниот медал, тој денеска уште во квалификациите најави атак на ново злато и тоа на двојно пократката патека.
Пити во полуфиналната трка на 50 метри градно исплива во време од 26 секунди и 10 стотинки што е за три десеттинки побрзо од претходниот светски рекорд кој исто така беше во негова сопственост, а го постави во 2015 година.
Второ време во квалификациите забележа Камерон ван дер Бург со 26,56 секунди, а трет заврши Бразилецо,т Жоао Гомеш Жуниор со 26,67 секунди.