Абидал повторно заигра

Од:

По долгата рехабилитација од трансплатацијата на црниот дроб фудбалерот на Барселона, Ерик Абидал заигра за Б-тимот на каталонскиот гигант во пријателски меч против францускиот второлигаш, Истрес.

Првиот проблем на Абидал беше дијагностициран во март 2011 година, а понеколку месеци подоцна се врати на теренот и настапи во финалето од Лигата на шампионите.

Меѓутоа карциномот повторно се појави и Французинот мораше да оди на уште еден операционен потфат на јетрата, во април минатата година.

Поранешниот играч на Лион од тогаш па наваму работи насвоето закрепнување, а утринава настапи за Б-тимот на Барса, што значи дека се наоѓа блиску до првиот тим на „каталонците“.

Абидал последен пат настапи за Барселона во шпанското првенство, на дуелот со Атлетико Мадрид на 26-ти февруари минатата година.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска