Абидал на излезна врата од Барселона

Од:

Ерик Абидал летово ќе ја напушти Барселона, откако управата на клубот не му понуди продолжување ан соработката.

Абидал во финишот на сезоната се врати на теренот по трансплатацијата на црниот дроб, која му направи проблеми од 2011-та година кога му беше констатиран тумор.

“Јас би сакал да останам и да продолжам да играм за Барселона, но управата сакаше поинаку и морам да ја почитувам нивната одлука. Се надевам дека еден ден ќе се вратам бидејќи овој клуб е посебен за мене” – изјави Абидал.

Искусниот 33 годишен поранешен репрезентативец на Франција дојде во Барселона од Лион во 2007-та година и со Каталонците освои четири титули во Примера и по два трофеи во Лигата на Шампионите, клупското светско првенство, европскиот Суперкуп и шпанскиот кралски куп. За Франција, одигра 61 натпревар.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Шпанците немаа милост за Костарика

Најдобриот играч ја напушта Валенсија и се сели на Островот

Горан Наумовски

Поради транспарент Вукчевиќ си замина од ФК Лапи

Горан Наумовски

Спотифај нов спонзор на Барселона – тригодишен договор вреден 280 милиони евра

Катерина Ѓуровски

Барса во „бурен“ меч го доби Атлетико за да гo помине на табелата

Ана Ололовска

Браис Мендез два пати го совлада Димитриевски – Селта го победи Рајо Ваљекано

Ана Ололовска