АБА лига: Задар ја изненади и порази Цедевита

Од:

Кошаркарите на Задар непријатно ја изненадија екипата на Цедевита и ја совладаа во натпревар од АБА лигата.

Хрватскиот првак Цедевита загуби на домашен терен од Задар со 81:84 во претпоследниот натпревар од 11.коло на регионалната кошаркарска АБА лига.

На средбата одиграна во Загреб, гостите од Задар до четвртата сезонска победа стигнаа благодарение на одличната игра на Домагој Бошњак кој средбата ја заврши како најефикасен  со 17 постигнати поени. Марио Делаш за Цедевита постигна 16 поени.

Во последниот меч од ова коло вечерва, од 20 часот и 30 минути, ќе играат Металац и Црвена звезда.

На натпреварите кои се играа изминатиов викенд беа постигнати овие резултати: МЗТ Скопје Аеродром – Левски 72:61, Партизан – Мега 89:80, Олимпија – Шолнок 79:61, Крка – Будуќност 81:90 и Игокеа – Цибона 61:71.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска