Кошаркарите на Задар непријатно ја изненадија екипата на Цедевита и ја совладаа во натпревар од АБА лигата.
Хрватскиот првак Цедевита загуби на домашен терен од Задар со 81:84 во претпоследниот натпревар од 11.коло на регионалната кошаркарска АБА лига.
На средбата одиграна во Загреб, гостите од Задар до четвртата сезонска победа стигнаа благодарение на одличната игра на Домагој Бошњак кој средбата ја заврши како најефикасен со 17 постигнати поени. Марио Делаш за Цедевита постигна 16 поени.
Во последниот меч од ова коло вечерва, од 20 часот и 30 минути, ќе играат Металац и Црвена звезда.
На натпреварите кои се играа изминатиов викенд беа постигнати овие резултати: МЗТ Скопје Аеродром – Левски 72:61, Партизан – Мега 89:80, Олимпија – Шолнок 79:61, Крка – Будуќност 81:90 и Игокеа – Цибона 61:71.