АБА лига: Победи на Олимпија и Партизан

Од:

Екипите на Унион Олимпија и Партизан остварија победи на синоќешните натпревари од 19.коло во регионалната кошаркарска АБА лига.

На дуелот во Белград, Партизан ја победи Игокеа со 74:65, додека Унион Олимпија се радуваше на гостинска победа кај Металац со 76:67.

Потсетување, дека во првиот меч одигран вчера МЗТ Скопје Аеродром загуби на гостувањето кај Цедевита со 81:70.

На табела, Цедевита, Партизан и У.Олимпија остануваат распределени од третото до петтото место, зад Црвена звезда и Будуќност кои во меѓусебен дуел ќе играат во понеделник во Подгорица. Покрај дербито, во понеделник ќе се игра и натпреварот Задар – Мега Лекс, а денеска на програмата се два меча, Крка – Левски Софија и Солнок – Цибона.

Табела: Црвена звезда 18-0 (победи-порази), Будуќност 15-3, Цедевита 13-6, Партизан 12-7, Унион Олимпија 10-9, Задар 9-9, Металац 8-11, Цибона 9-9, Крка 8-10, Солнок 8-10, Мега Лекс 7-11, МЗТ Скопје Аеродром 6-13, Игокеа 6-13 и Левски Софија 1-17.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска