АБА лига го казни „Карпош Соколи“ со петгодишна суспензија

Од:

Екипата на Карпош Соколи е казнета со пет години суспензија за настап во регионалната АБА лига, одлучи Собранието на регионалното натпреварување.

Причина за ова се изјавите дадени од претседателот на „соколите“, Огнен Дедиќ и тоа во неколку наврати во кои ги навредуваше челниците на регионалното натпреварување. Поради ова, „Соколите“ беа казнети со 12.000 евра.

На Собранието на лигата било констатирано дека Соколи ги прекршиле членовите 70,3 и 70,4 од правилникот на АБА лигата, поради непристојните коментари на претседателот на клубот, Огнен Дедиќ.

– Поради сериозноста на престапот, клубовите на АБА донесоа одлука екипата на Карпош Соколи да биде казнета со дополнителна петгодишна забрана за настап во сите натпреварувања, организирани од АБА лигата, стои во соопштението на АБА лигата.

Би можело да ве интересира

Општина Аеродром до сите љубители на спортот: Влезот е бесплатен, дојдете заедно да ги бодриме кошаркарите на МЗТ Скопје Аеродром

Ана Ололовска

Илиевски: Честитки за Борац, повредите и загубените топки не чинеа пораз

Ана Ололовска

Победнички старт на МЗТ Скопје Аеродром во АБА 2 лигата

А1он

Стартува новата сезона во АБА лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје рано ги заврши настапите во АБА 2 лигата

Ана Ололовска

МЗТ Скопје со пораз го заврши АБА 2 турнирот во Сараево

Ана Ололовска