40 приведени и еден повреден коњ е билансот од прославите во Mинхен за триумфот на Баерн во фудбалската лига на шампиони.
Околу 150 илјади навивачи ноќеска предизвикале хаос на улицата „Леополд“ во центарот на Минхен, славејќи ја победата на својот клуб.
Според полициските информации, навивачите предизвикале повеќе инциденти на нарушување на јавниот ред и мир, користејќи дрога и пиротехнички средства, а при судир со полицијата повредиле и еден полициски коњ.