11-та победа во низа за ракометарите на Вардар

Од:

Ракометарите на Вардар вечерва во Скопје го победија Пик Сегед во рамките на 4. коло од Лигата на шампионите што претставува 11. триумф во низа за македонскиот првак вклучувајќи ги седумте од СЕХА лигата.

Гостите од Унгарија му пружија достоен отпор на фаворитот. Во првото полувреме Пик Сегед неколкупати имаше водство, за на пауза да се замине со 16:15 за домаќините.

Во вториот дел вардарци за првпат поведоа со два разлика, а на десетина минути до крајот разликата се зголеми на три погодоци (25:22), доволно за четвртиот триумф во низа во елитното натпреварување.

Тимур Дибиров со осум и Лука Циндриќ со пет погодоци беа најефикасни играчи во домашниот состав.

По 4.коло во групата Б Вардар и Киелце се на водечките две позиции со максимални осум бода.

Следниот натпревар од ЛШ, македонскиот тим го игра на гости кај ППД Загреб.

Би можело да ве интересира

Во Вардар во Велес најдено тело на мртов маж

Раководството на РФМ оствари средба со женската сениорска репрезентација

Предраг Петровиќ

Србија го извлече Косово – ждрепката веднаш прекинатa

Не сака да игра за репрезентацијата додека Хрватот е селектор

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: Избегната тепачка на ракометен натпревар од Европската лига

Предраг Петровиќ

Македонските ракометари поуспешни од Грција во подготовките за ЕП