ВИДЕО: Киднапер на деца во Скопје, мртви средношколци во парк – наседнавте ли на лажни вести?

Од:

Киднапер демне деца околу музичкото училиште во Скопје. Информација споделена на Фејсбук со се фотографија од маж снимен од безбедносни камери од околните објекти. Нема човек што ќе остане рамнодушен на ваква објава, родителите пак посебно ќе ги фати паника.

Сепак оваа информација не е точна. Човекот што ја објави подоцна ја повлече, се извини, објасни дека погрешно го информирале. Но веста се ширеше и споделуваше со денови, недели, на социјалните мрежи.

Илјадници ја видоа информацијата за киднаперот, а само малкумина објавата дека се работи за дезинформаицја.

Ова е само еден од примерите.  На лажни вести наседнуваат дури и медиумите во трката по читатели. Примери има многу.

Дали сте одговорни ако споделите информација за која ќе произлезе дека е лажна? Споделуваат ли политичарите лажни вести? Можете ли да се заштитите и да препознаете? Како да проверите?

Погледнете во емисијата „Скен“, која во четири продолженија ќе ги анализира и даде одговор овие прашања.

 

Видеото е изработено во соработка со Институтот за комуникациски студии во рамките на проектот „Користи факти“, кој е поддржан од Британската амбасада во Скопје.

 

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Кукла Робот кој предупредува на лажни вести поставена во центарот на Скопје

Катерина Ѓуровски

(ВИДЕО) Казни ако ширите лаги дури и да не сте знаеле – како да се заштитите?

Анита Петровска Рајковиќ

ВИДЕО: Споделувате ли се и сешто на интернет, помагате во ширење лаги – како да се заштитите

(ВИДЕО) Видео од позната игрa место од Украина, ТВ објавија, експерти коментираа – лаги на кои наседнаа сите

(ВИДЕО) Казни ако споделувате лаги на социјални мрежи – затвор, пари, што вели македонскиот закон

Анита Петровска Рајковиќ

Политичките партии и медиумите главни готвачи на дезинформации и лажни вести во регионот