Златна зора: „Турци надвор од Тракија“

Од:

Грчката ултранационалистичка партија Златна зора отвори канцеларија во Комотини, северна Грција, каде живеат голем број етнички Турци.

При отворањето на канцеларијата пратеникот Илиас Панајотарос изјави „Кој се чувствува како Грк да остане во Тракија, другите да заминат на исток. Турци надвор од Тракија“.

Потoа приврзаниците на Златна зора поминале низ турските квартови носејќи транспаренти „Турци – надвор од Тракија“ и се упатиле кон Турскиот конзулат во Комитини. Полицијата не им дозволила на приврзаниците на Златна зора да го преминат булеварот и да се стигнат пред Конзулатот.

Во исто време симпатизери на ултралевичарските организации протестирале поради отворањето на канцеларијата на Златна зора во Комотини.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески