Зиберај: Морина нема да биде екстрадиран во Србија

Од:

Јетлир Зиберај, советникот на шефот на косовската дипломатија Беџет Пацоли, тврди дека поранешниот припадник на Ослободителната војска на Косово, Томор Морина не може да биде екстрадиран во Србија.

Тој на својот Фејсбук профил напишал дека има блиска соработка со властите во Северна Македонија за забрзување на процедурата за ослободување на Морина, кој неодамна е уапсен во земјава.

– Да бидам јасен: Не постои шанса поранешниот борец за слобода Томор Морина да биде екстрадиран во Србија. Ние имаме блиска соработка со властите во Северна Македонија преку дипломатски и институционални канали, со цел постапката да се спроведе побрзо и Тимор да се врати кај своето семејство, напиша Зиберај.

Во Ѓаковица, родното место на Морина, утрово се одржаа протести со барање тој веднаш да биде ослободен од притвор во Северна Македонија.

Морина е приведен на македонско-косовската граница врз основа на потерница од Интерпол, а поради извршени злосторства врз цивилно население за време на војната во Косово во 1999 година. Властите во Северна Македонија му одредија едномесечен притвор поради можност за бегство, а негово итно ослободување побараа косовскиот амбасадор во Скопје, Ѓерѓ Дедај, лидерот на косовското Движење Самоопределување, Албин Курти и вицепремиерот за европски прашања во Владата на Република Северна Македонија, Бујар Османи.

Би можело да ве интересира

Кој е Марк Брновиќ, новиот американски амбасадор во Србија

Предраг Петровиќ

ВИДЕО: „Имам добри вести“-директорот на српскиот клинички центар за состојбата на повредените во пожарот во Кочани

Предраг Петровиќ

(ВИДЕО) Вучиќ најави протести: „Народот веќе не се плаши“

Горан Наумовски

Белград: Студентите го блокираат ГСП, заглавени се 130 трамваи и 150 автобуси

Се подготвува воен сојуз меѓу Србија и Унгарија

Еден од тројцата пациент во Болницата во Ниш е во тешка состојба