Жељко Реинер избран за претседател на Хрватскиот сабор

Од:

Осмиот состав на Хрватскиот сабор, што беше избран на 8 ноември, денеска ја одржа својата конститутивна седница, на која за негов претседател беше избран Жељко Реинер од Хрватската демократска заедница (ХДЗ).

Како што јави Хина, за изборот на Реинер на функцијата претседател на Саборот се изјаснија 88 пратенци, еден беше против, а 62 народни избраници се воздржаа од гасање.

За избор на функцијата на Реинер му беа потребни најмалку 76 гласа.

Денешното заседание беше продолжение на седницата започната на 3 декември, која набрзо беше прекината откако единствениот кандадат за претседател на Саборот, Роберт Подолњак од партијата Мост ја повлече својата кандидатура, затоа што беше јасно дека нема да добие доволно гласови за да биде избран на функцијата, во услови кога не постоеше договор меѓу поголемите партии.

Хрватската претседателка Колинда Грабар-Китаровиќ денешното продолжение на седницата го закажа во средата, откако Татковинската коалиција, предводена од ХДЗ, и Мост постигнаа договор за „коалициска соработка“ и го предложија бизнисменот Тихомир Орешковиќ за мандатар за состав на новата влада.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик