Жбогар: Одлуката на косовската Влада не е најдобра

Од:

Специјалниот претставник на ЕУ на Косово Самуел Жбогар денеска изјави дека одлуката на косовската Влада да ја забрани посетата на службеници од Белград на Косово не е најдобра, како и дека е резултат на нервоза на двете страни, јави Танјуг.

Жбогар оцени дека е претерано да се забранат сите посети на српски официјални претставници на Косово, за време на изборите, бидејќи во интерес на сите е што повеќе луѓе да излезат на избори.

Според специјалниот претставник на ЕУ одлуката на владата во Приштина да ја забрани посетата на службеници од Белград е резултат на нервоза на двете страни, како и дека не е добро таа одлука да остане на сила месец дена.

Жбогар во однос на најавата на Белград дека ваквата одлука на косовските власти може да го загрози дијалогот Белград-Приштина, изјави дека во тој однос и Белград покажува нервоза.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски