Зери: Заштитените сведоци го напуштаат Косово

Од:

Голем број заштитени сведоци, кои доброволно се согласиле да сведочат во разни судски процеси, сега поради опасноста го напуштија Косово, пишува приштинскиот весник „Зери“, дополнувајќи дека заштитата на сведоците останува вистински предизвик за косовското правосудство, посебно во процесите против организираниот криминал и воените злосторства.

Поголемиот број заштитени сведоци заминале во земјите од Европската унија, а на некои од нив им е променет и идентитетот, пренесува српски „Блиц“.

Според „Зери“, последен пример кога сведоци почуствувале дека се во опасност е случајот во кој се вклучени поранешниот пратеник и поранешен командант на Главниот штаб на ОВК Азем Суља и уште педесетина други осомничени.

Обвинителството и судот соопштија дека главните сведоци во овој случај се во животна опасност и оти нема да сведочат во живо, туку по пат на видео-линк.

И мисијата на ЕУЛЕКС заштитата на сведоците ја оцени како исклучително голем предизвик.
„Заштитата на сведоците е суштински елемент на кривичното гонење за тешки злосторства, како што се корупција, организиран криминал и воени злосторства.  Еден од најголемите предизвици на Косово е и бескрупулозното појавување на сведоците или нивните семејства во медиумите, што може да се сфати и како кампања на застрашување, што ја доведува во прашање правдата и создава клима на неказнивост“, соопштиле од ЕУЛЕКС.

Со слична оценка се и во Дирекцијата за заштита на сведоци при косовската полиција, кои велат дека сведоците во Косово се соочуваат со многу потешкотии.

„Тешкотиите со кои се соочуваат сведоците во Косово се различни, кои произлегуваат од малата територија на Косово, малиот број на граѓани и исклучителната семејна поврзаност“, го пренесува „Зери“ ставот на оваа Дирекција.
Според податоците на меѓународните организации, во Косово се убиени најмалку 12 заштитени сведоци.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски