„Зери“: Арапските земји во Косово испратиле над 30 милиони евра

Од:

Четири арапски земји во период од шест месеци во 2012 година во Косово испратиле над 30 милиони евра, пишува денеска приштинскиот весник „Зери“.

Весникот нагласува дека познато е од кои држави доаѓаат парите, но не е познато кој ги испратил.

– Поголем дел од парите, над 25 милиони евра се испратени од Обединетите Арапски Емирати (ОАЕ). Околу 2,7 милиони евра од Кувајт, околу 900 илјади евра од Катар и околу 600 илјади евра од Саудиска Арабија. Тоа се податоци од Централната банка на Косово. Овие податоци покажуваат дека трансферот на средства се зголемил во споредба со 2011 година, пишува весникот.

ОАЕ во 2011 година на Косово испратиле 14 милиони евра, а за само шест месеци во 2012 година, 25 милиони евра, додава весникот.

Во информацијата на Банката се посочува дека 85 проценти од средствата, кои дошле од ОАЕ, се лични приходи на лица, кои работат во таа држава. Приходите од Катар доаѓаа од лични примања на лица, кои работат таму, како и 60 проценти од средствата, испратени од Кувајт.

Околу 40 проценти од овие средства се донации за различни невладини организации во Косово.

Средствата од Саудска Арабија се директни инвестиции во Косово, се наведува во извештајот на Централната банка.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски