Завршува надгледуваната независност на Косово

Од:

Меѓународната управувачка група денеска попладне во Приштина ќе одржи состанок на кој треба да донесе одлука за укинување на надгледуваната независност на Косово.

Согласно програмата за ставање крај на надгледуваната независност предвидено е Групата во зградата на Владата во 14 часот по локално време да одржи седница, по која треба да се обратат шефот на Меѓународната цивилна канцеларија Питер Фејт и косовскиот премиер Хашим Тачи.

За 16:30 минути е закажана свечена седница на косовскиот Парламент, на која, како што соопшти косовското Министерство за надворешни работи ќе говорат претседателот на Косово Атифете Јахјага, премиерот Хашим Тачи, поранешниот пратеник на Обединетите нации за Косово Марти Ахтисари, учесниците во преговорите, амбасадорите Волфганг Ишингер и Френк Визнер и цивилниот администратор Питер Фејт. На седницата на Парламентот  ќе присуствува и шефот на австриската дипломатија Михаел Шпинделегер.

Јахјага, како што е предвидено, во својот кабинет ќе им додели одликувања на Ахтисари, Ишингер, Визнер и Фејт.

Европскиот комесар за проширување Штефан Филе во Приштина исто така ќе одржи говор по повод затворањето на Меѓународната цивилна канцеларија на Косово. Во Приштина ќе престојува и заменик-помошникот на американскиот државен секретар Филип Рикер, кој ќе присуствува на состанокот на Групата, а предвидено е тој да разговара со претседателката Јахјага и премиерот Тачи.

На седницата на Меѓународната управувачка група на 2 јули во Виена беше донесена одлука за покренување на конечните чекори за ставање крај на надгледуваната независност на Косово и затворање на канцеларијата на меѓународниот цивилен претставник. На косовските власти им беше наложено да ја почнат работата за укинување на надгледуваната независност, а Парламентот пред неколку дена го усвои и последниот пакет закони и уставни амандмани. Тие акти се потребни за укинување на надгледуваната независност, односно за втемелување на т.н. Сеопфатен предлог за решение на статусот на Косово или планот на Ахтисари, во законодавството.

Косовскиот Парламент во петокот согласно одлуката на Групата усвои 22 амандмани на Уставот и закон со кој се предвидува продолжување на мандатот на ЕУЛЕКС до средината на 2014 година.

Меѓународната управувачка група, во заклучоците од состанокот во Виена, нагласи дека планот на Ахтисари треба да се применува и по ставањето крај на надгледуваната независност, а за возврат таа се обврза да продолжи со поддршката на Косово во насока на меѓународното признавање и тенденциите за членство во релевантните меѓународни организации.

Групата е составена од претставници на 23 европски земји, кои ја признаа независност на Косово, Турција и САД.

Би можело да ве интересира

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски

Уапсен Србин на Косово: Обвинет е за воени злосторства

Горан Наумовски

23-годишна Украинка пронајдена мртва на автопатот „Арбен Џафери“ во Косово

Катерина Ѓуровски