Заврши протестот на над 1.000 романски рудари

Од:

Протестот на романските рудари, што почна во четвртокот, и во кој над 1.100 рудари не сакаа да излезат од галериите на рудниците Парошен, Петрила и Урикан, во долината на реката Жиу, заврши доцна синоќа, соопшти агенцијата Аџерпрес.


Протестот беше прекинат откако се потпиша договор со државниот енергетски комплекс Хунедоара, што ќе го гарантира купувањето на јагленот од трите рудници до крајот на годината по цена усогласена со пазарната.


Претседателот на синдикатот „Црн камен јаглен“, Ласло Домокос, синоќа соопшти дека протестот го прогласува за завршен. Синдикалецот кажа дека на своите колеги им приложил договор, што ќе биде валиден до 31 декември 2013 година, а кој предвидува 220.000 тона јаглен да се купуваат по цена од 57 леи/гигакалорија, а цената за следниот месец ќе се определи врз основа на алгоритам, вклучен во договорот.

Би можело да ве интересира

ВИДЕО: Бизарна случка во Романија, мечка се појави на погреб

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Притвор за политичарот од Романија кој силувал малолетничка, дете на негова колешка

Романскиот претседател Клаус Јоханис ја објави својата кандидатура за шеф на НАТО

Земјотрес ја погоди Романија

Голем хакерски напад во Романија, над 100 здравствени установи останаа без интернет