Затворени гласачките места во Хрватска

Од:

Во Хрватска во 19 часот по локално време се затворени гласачките места на кои граѓаните денеска гласаа за избор на нов претседател на најмладата земја членка на Европската унија во следните пет години.

Во трката за претседател учествуваат четворица кандидати, досегашниот претседател на земјата Иво Јосиповиќ, од Социјалдемократската партија, кандидатката на опозициската Хрватска демократска заедница Колинда Грабар Китаровиќ, Милан Кујунџиќ од Сојуз за Хрватска и Иван Вилибор Синчиќ од Жив ѕид.

Државната изборна комисија објави дека излезноста до 16 часот и 30 минути била 36,60 проценти, односно на гласачките места излегле 1,2 гласачи, наспроти лошите временски услови. Засега нема пријавени изборни нерегуларности.

Около 3,8 милиони избирачи денеска имаа можност за го изберат новиот претседател на Хрватска, а изборот го следеа речиси 22. 000 набљудувачи.

Социолошките истражувања му даваат значителна предност за актуелниот шеф на држават Иво Јосиповиќ. Според анкетата на социолошката агенција Ипсос, 57-годишниот Јосиповиќ ќе освои 46,5 проценти од гласовите, но нема да ги има потребните 50 отсто од гласовите за да победи во првиот круг. Неговиот главен опонент, 46-годишната Колинда Грабар Китаровиќ, во последните недели добива се повеќе поддршка и според анкетите ќе освои 36 проценти од гласовите.

Доколку изборот не биде решен во првиот круг, во вториот круг на изборите што ќе се одржи на 11 јануари ќе се борат двајцата кандидати со најмногу освоено гласови во првиот круг.

Би можело да ве интересира

Хрватска доби нова влада, Пленковиќ по трет пат стана премиер

Несреќа во Хрватска, загинаа четворица мигранти

Горан Наумовски

ВИДЕО: Над 20 бродови изгореа во големиот пожар во пристаништето Медулин

Во каменолом во Хрватска несреќно загина работник

19 ранети граѓани на Украинa пристигнаа на лекување во Хрватска со авион

(ВИДЕО) Фантастично: Хрватската песна на Евросонг со знаковен јазик