Запрено печатењето на косовски пасоши

Од:

Австриската државна печатница „ОеСД“, привремено ја запре изработката на косовски биометриски пасоши поради подолго заостанување со плаќањето од страна на косовските власти. Од печатницата наведуваат дека се принудени услугите што призлегуваат од спогодбата околу испораката на пасоши привремено да ги запрат, поради што нема да биде реализиран планираниот обрт во работната 2012/2013 година во висина од 700.000 евра.

„ОеСД“ во Косово е соочена со обвинувања дека ги подмитила косовските службеници, што австриската установа ги отфрли. Работата на „ОеСД“ во Косово го достигна врвот на интерес во јавноста поради тоа што еден посредник земал 1,4 милион евра, пари што Министерството за внатрешни работи на Косово ги уплати во рамки на договорот со австриската печатница.

„ОеСД“ покрена расветлување на целиот случај преку австриската амбасада во Приштина врз основа на резултатите од истрагата во која е уапсена една жена, која е обвинета дека неовластено присвоила средства наменети за австриската установа.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски