Запленети 26 килограми чоколади со марихуана во Албанија

Од:

Тројца луѓе се уапсени на пристаништето во Драч, во Албанија, поради обид за криумчарење на 26 килограми чоколади со марихуана, пренесуваат албанските медиуми.

Уапсен е менаџерот и двајца возачи на автобусот, со кој чоколадата со канабис била криумчарена од Италија, пренесува „Албаниан Дејли Њуз“ и прецизира дека уапсените албански државјани се на возраст од 31, 49 и 59 години, од три града – Драч, Тирана и Пермета.

Марихуаната е запленета, а случајот е предаден на обвинителството во Драч.

Би можело да ве интересира

Го фатиле со марихуана – признал дека дома има уште и сам им ја предал на полицајците

Молотови коктели на протест во Тирана

Истрагата за двојно убиство во Албанија се проширува во Македонија, уапсен за дрога во Прилеп контактирл со убиените

Катерина Ѓуровски

ВИДЕО: Тешка несреќа во Албанија, осуммина мртви

Во несреќен случај во Албанија, загина жена од Осиек

Само Албанија е понесреќна земја од Македонија во регионот: ООН го објави извештајот за среќа

Орце Костов