Заоралек: Колку што знам, Сириза сака да остане во еврозоната

Од:

Според чешкиот министер за надворешни работи Лубомир Заоралек победата на Коалицијата на радикалната левица (Сириза) на вчерашните вонредни парламентарни избори во Грција, се очекуваше и не е изненадување, јави дописникот на МИА од Прага.

Во изјавата дадена веднаш по соопштувањето на резултатите, Заоралек изрази надеж дека по формирањето, новата Влада ќе биде подготвена да најде компромис со Европската унија.

– Вистина е, дека Сириза за време на кампањата изразуваше радикални ставови, со барање за простување на дел од долгот, изразувајќи загриженост за иднината политика на Грција, која, најверојатно, ја делат и дел од граѓаните. На друга страна, колку што јас знам, Сириза сака да остане во еврозоната и во Европската унија, рече Заоралек.

Тој додаде, дека ставовите на Сириза ја изразуваат разочараноста на значаен дел од грчкото население, но верува дека политиката на идната Влада, од една страна ќе овозможи надминување на чувствата на разочараност и безнадежност, а од друга страна, ќе бара и ќе најде компромис со Унијата.

– Спротивното би можело да предизвика уште поголема неизвесност и би било ризично за Грција, додаде шефот на чешката дипломатија.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески