Заложничка криза во Грција: Војник фрли шок бомба, па го претепа командантот

Од:

Војник на грчката елитна падобранска единица утринава предизвика инцидент кога фрли шок-бомба предизвикувајќи паника, а потоа го зеде како заложник својот командант.

Според неофицијални информации, се слушнале и истрели.

Инцидентот се случил кога војникот се изнервирал и се степал со командантот, незадоволен од казната што му била изречена.

Тој наводно влегол во просторијата каде што се наоѓа командата на единицата, фрлил шок бомба, а потоа го зел командантот како заложник, го претепал и му се заканил дека ќе го убие, пишува Прототема.

Во еден момент командантот успеал да побегне со помош на друг војник.

По инцидентот на местото на настанот брзо пристигнале силни полициски сили.

Би можело да ве интересира

Гужва за влез во Грција: На Богородица се чека по еден час

А1он

Двајца Македонци осудени на по пет години затвор во Грција, внесувале фалсификувани лични документи

Грција воведува шестдневна работна недела

ВИДЕО: Уапсени двајца Срби, поранешни членови на „Пинк Пантер“ – оргабувале златарници во Атина

Земјотрес го погоди денеска грчкиот остров Самос

Преспанскиот договор оспорен во предизборието, анализира грчки Катимерини

Александар Тодески