Законот за Специјалниот суд за ОВК третира најтешки воени злосторства

Од:

Предлог законот за специјалниот суд за злосторства на ОВК во кој Танјуг имал увид, ќе се најде в петок пред косовскиот парламент.

Во него се третираат најтешките воени злосторства, а би требало да стапи на сила во крајот на годинава.

Во предлогот се вели дека Специјалниот суд за слосторства на ОВК ќе суди за истребување, депортација, затворање, измачување, силување, сексуално ропство и прогон на политичка, национална, расна или верска основа.

Исто така со предлогот е предвидено законот да стапи на сила шест месеци по објавувањето во Службен весник на Косово што би значело дека ако се усвои в петок, ќе се применува од крајот на декември 2015 година.

Предвидено е и со истиот предлог на закон максималната казна да биде доживотен затвор. Законот треба да го потпише претседателот на Собранието на Косово Кадри Весели.

Би можело да ве интересира

Приштина дава милиони за да ги одбрани лидерите на ОВК

Убиен поранешен припадник на ОВК на Косово: Тело пронајдено во автомобил покрај патот

А1он

ВИДЕО: Судир на косовската полиција и ветераните на ОВК во Приштина, повредено едно лице

Катерина Ѓуровски

Во Хаг почна првото судење за злосторствата на ОВК

Ана Ололовска

Курти не верува дека во ОВК имало воени злосторници

Жарко Настоски

Косовската опозиција бара да си оди шефицата на дипломатијата, за која Тачи и Весели се злосторници

Жарко Настоски