Во Хаг почна првото судење за злосторствата на ОВК

Од:

Во Хаг денеска почна првото судење за злосторствата на Ослободителна војска на Косово (ОВК), а на обвинителна клупа се наоѓа нејзиниот поранешен припадник Сали Мустафа. Судењето против Мустафа е прво судење на обвинет од ОВК пред овој суд, и ќе му се суди по обвинението на Специјализираниот обвинител на Косово за злосторства во 1999 година.

Мустафа е во притвор во Хаг од септември минатата година.

Тој е обвинет за индивидуална кривична одговорност и кривична одговорност како претпоставен службеник за извршени злосторства од 1 до 19 април 1999 година од страна на одредени припадници на ОВК врз лица приведени на имот во селото Злас, кој служел како затвор. Обвинението против Мустафа наведува дека тој бил одговорен за злосторства извршени против најмалку шест лица и дека еден затвореник бил убиен на таа локација во периодот меѓу 19 април 1999 година и крајот на април 1999 година. Мустафа е обвинет по четири точки: произволно лишување од слобода, сурово постапување, тортура и убиство.

Покрај Мустафа, во Хашкиот трибунал во моментов се поранешните припадници на ОВК, Хисни Гуцати, Насим Харадинај, поранешниот косовски претседател Хашим Тачи, Јакуп Красниќи, Реџеп Селими и поранешниот претседател на косовското собрание Кадри Весели.

Би можело да ве интересира

Попладнево ќе биде изречена правосилна пресуда за Ратко Младиќ

Ана Ололовска

Меѓународниот суд во Хаг денеска ќе ја изрече правосилната пресуда против Ратко Младиќ

Ана Ололовска

Хашкиот обвинител Брамерц очекува на Младиќ да му биде потврден доживотниот затвор

Жарко Настоски

Курти не верува дека во ОВК имало воени злосторници

Жарко Настоски

Косовската опозиција бара да си оди шефицата на дипломатијата, за која Тачи и Весели се злосторници

Жарко Настоски

САД се против истрагата на Судот во Хаг за злосторства над Палестинците