Убиен поранешен припадник на ОВК на Косово: Тело пронајдено во автомобил покрај патот

Од:

Во Стар Качаник синоќа се случило убиство кога непознати лица испукале неколку истрели во возило управувано од 48-годишниот Н.Ч.

Како што соопшти косовската полиција, на патот Качаник-Урошевац било пронајдено безживотно тело, без знаци на живот, а недалеку од таму е пронајдено и запалено возило, јавува Косово онлајн.

„Синоќа околу 23 часот и 50 минути во полициската станица Качаник е добиена информација дека патничко возило излетало од коловозот на магистралниот пат Урошевац-Качаник, во Стар Качаник. Полициската станица од Качаник веднаш ги презела потребните мерки, излегле на местото на настанот и забележале лице без знаци на живот на возачкото седиште. Известени се медицинските екипи кои констатирале смрт“, велат од полицијата.

Истражните органи на Регионалниот истражен сектор по овластување на обвинителот на Основното обвинителство во Урошевац веднаш започнале истрага и според првите информации се сомнева дека непознати лица пукале во возилото, а потоа го напуштиле местото на настанот во непознат правец.

Медиумите јавуваат дека станува збор за Нусрет Цена, ветеран на ОВК, кој беше осомничен за тројното убиство во Качаник, извршено на крајот на септември 2007 година.

Окружниот суд го прогласи за невин, а неговото име повторно беше споменато во врска со експлозија во кафеана во Приштина, за која беше ослободен.

Би можело да ве интересира

Приштина дава милиони за да ги одбрани лидерите на ОВК

ВИДЕО: Судир на косовската полиција и ветераните на ОВК во Приштина, повредено едно лице

Катерина Ѓуровски

Во Хаг почна првото судење за злосторствата на ОВК

Ана Ололовска

Курти не верува дека во ОВК имало воени злосторници

Жарко Настоски

Косовската опозиција бара да си оди шефицата на дипломатијата, за која Тачи и Весели се злосторници

Жарко Настоски

Топ Чанел : Хаг ја проширува истрагата во Албанија против поранешен командант на ОВК

Жарко Настоски