Законот за Специјален суд стапува во сила на 15 септември

Од:

Уставните одредби, со кои се предвидува формирање на Специјален суд за воени злосторства извршени од ОВК, ќе стапат во сила за две недели, пишува приштинскиот весник „Коха диторе“.

Правниците, меѓутоа, сметаат дека овие одредби се противуставни.

Во Службен весник вчера е објавен Законот за Специјален суд и Канцеларијата на Специјалниот обвинител, и согласно овој акт одлуките стапуваат во сила 15 дека од денот на објавување.

Уставна основа на овој закон е токму амандманот 24, кој опозицијата го приложи до Уставниот суд, но тој се уште се нема изјаснето во врска со него.

Косовската претседателка Атифете Јахјага не го спречи објавувањето на законот, кој произлегува од оспорениот амандман, туку пред 10 дена потпиша указ за негово стапување во сила, по што е објавен во Службен весник.

Би можело да ве интересира

Припадничка на косовската полиција е пронајдена мртва во куќа во Гњилане

Непознати лица упаднале и напишале графити во црквата Света Троица кај Пеќ

Приштина тврди дека Србите не ја искористиле можноста да гласаат на референдумот

Во Косово приведен македонски државјанин по кого е распишана меѓународна потерница заради тешко убиство

Орце Костов

Македонија ќе поддржи резолуција за геноцид во Сребреница

Орце Костов

Германија испраќа дополнителни војници во Косово

Горан Наумовски