Заеднички маневри на воените воздухопловства на Бугарија и Романија

Од:

Започнаа заедничките бугарско-романски воени вежби „Син мост 2014“, во кои учествуваат припадници на воените воздухопловства на двете земји, соопшти денеска Министерството за одбрана на Бугарија.

Маневрите се дел од планираните активности на бугарските Вооружените сили и се одржуваат во рамки на потпишаниот Технички договор меѓу министерствата за одбрана на Бугарија и на Романија, се додава во соопштението.

Тие ќе се одржат во две фази, овој и следниот месец, во воздушните пространства на двете држави. Главна цел е со воените вежби да се постигне подобра координираност и заедничка оперативност меѓу возухопловствата на Бугарија и на Романија, при прекугранични операции за контрола на авијацијата и обезбедувањето на воздушното пространство.

Во вежбите ќе бидат вклучени романски авиони-ловци МиГ-21 „Лансер“ и транспортно летало С-27Ј „Спартан“, како и бугарски МиГ-29 и еден „Спартан“.

Би можело да ве интересира

Бугарската амбасада во Албанија донираше во општина Пустец: „Секоја донација без задни намери е добредојдена“

А1он

Бугарија гради база за прием на авиони Ф-16

ВИДЕО: Бугарија повторно има преодна влада, на избори оди на 9 јуни

Романија и Бугарија делумно влегоа во Шенген зоната

Нов земјотрес ја стресе Бугарија

Бугарија оди на нови избори